Конзервативната опозиција ја обвинува левичарската влада дека манипулира со предвремените избори и ја узурпира власта, вклучувајќи го правосудството.
Демократската партија на поранешниот премиер Саљи Бериша во последната недела одржува протести и во парламентот откако нивниот колега Ервин Салијањи беше осуден за клевета, а партијата на бериша кажа дека случајот е политички мотивиран. Салијаеи во 2018 побара оставка на тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувања за незаконски активности на неговиот брат за кои подоцна се покажа дека се измислени.
Салијањи кој од пред повеќе од една недела издржува едногодишна казна затвор, поднесе жалба на пресудата до Врховниот суд.
Демократите бараат кабинет составен од технократи, обвинувајќи го премиерот Еди Рама од владејачката левичарска Социјалистичка партија дека манипулирал со свикувањето предвремени избори.
Тие долго ги обвинуваат социјалистите на Рама за узурпација на власта, вклучувајќи го правосудството, и организираат насилни протести против владата уште од 2013 година.
Десничарите бараат Бериша да биде пуштен од домашен притвор во кој е ставен поради истрага за наводна корупција.
Опозицијата повика на граѓанска непослушност, почнувајќи ги протестите со собир пред главната зграда на владата.
Европската Унија и Соединетите Американски Држави ја повикаа опозицијата да го продолжи дијалогот со власта, кажувајќи дека насилството нема да ѝ помогне на земјата да се интегрира во Европската Унија.
ЕУ во 2020 реши да ги почне преговорите за прием на Албанија, и овој месец Тирана ќе ги почне преговорите за усогласување со владеењето на правото, функционирањето на институциите и борбата против корупцијата.