вторник, 24 декември 2024

Албанија му нуди на НАТО поранешна советска база

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „додадена вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина обнова.

„Во овие опасни времиња, верувам дека генералот би можел да размисли да има поморска база на НАТО во Албанија“, рече Рама во вчерашното обраќање.

Базата Пашалиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, е изградена во 1950-тите кога Советскиот Сојуз донесе 12 подморници, и беше единствената поморска база што ја имаа во Средоземно Море.

По прекинот на врските меѓу Тирана и Москва во 1961 година, Пашалиман остана како поморска база во која беа сместени четирите преостанати подморници и други помали воени бродови.

Базата беше ограбена во 1997 година, беше украден и материјалот од подморниците, кога една од најсиромашните земји во Европа западна во хаос поради колапсот на пирамидалните штедилници во кои многумина ги загубија животните заштеди.

Три подморници се продадени како отпад, додека четвртата остана, а владата размислува дали да ја претвори во музеј.

Турција ја реновираше базата Пашалиман, која оттогаш се користи како поморска база за некои воени бродови што патролираат по Јонско и Јадранско Море.

НАТО, исто така, почна со надградба на албанската воздухопловна база Кучове од времето на комунизмот, 85 километри јужно од Тирана, за да се овозможи нејзина употреба за операции на Алијансата.

Албанија е членка на НАТО од 2009 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ