сабота, 19 октомври 2024

Албанија ја победи Чешка и веќе може да почне да се радува на пласман на Европско првенство (ВИДЕО)

Албанија со убедливи 3-0 ја совлада Чешка и се зацврсти на врвот на табелата во својата група, а со оглед на распоредот кој го имаат до крајот, веќе може да почнат да слават пласман на Европско.
 

Објавено на

часот

Сподели

Вардаровото дете, Јасир Асани со прекрасен гол во деветата минута донесе водство за Албанија од 1-0. 

Чешка во 40. минута остана со играч помалку откако Чутил доби втор жолт картон. Албаните го искористија тоа и во вториот дел преку Сафери дадоа уште два гола и победија со 3-0.

Во оваа група Полска со 2-0 победи на гостувањето кај Фарските оствори.

Албанија е прва со 13 бодови, Полска е втора со 9, Чешка и Молдавија имаат по 8 бода, но и натпревар помалку.

Во последните две кола Албанија игра на гости кај Молдавија и дома против Фарските острови, па би било чудо доколку не заврши на едно од првите две места на табелата.

Пред пласман на Европското првенство е и Турција која денеска со гол на Јилмаз победи на гостувањето кај Хрватска.

Шпанија ѝ го нанесе првиот пораз на Шкотска во овие квалификации откако со голови на Мората и Сансет славеше со 2-0.

Во останатите денешни квалификациски натпревари, Косово со 3-0 славеше кај Андора, најубедлива беше Норвешка која со 4-0 го победи Кипар на негов терен, немаше голови на дуелот меѓу Белорусија и Романија, Летонија со 2-0 триумфираше над Ерменија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ