сабота, 27 јули 2024

Албанија ѝ врати на Македонија 20 украдени икони од струшките цркви

Владата високо го цени и го вреднува историскиот чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири. Иконите ги очекува уште едно патување. Овој пат да се вратат онаму каде што припаѓаат и си тежат. Заедно си одиме дома, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонијата во Тирана на свеченото предавање на незаконски изнесените икони на македонската делегација.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави, туку многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство“, рече Костадиновска-Стојчевска.

м

Таа им се заблагодарам на албанските институции и служби кои ги запленија овие вредни дела, а крадците ги соочија со правдата. 

„На стручните лица од областа на заштитата, и од наша и од албанска страна, им благодарам за професионалниот пристап, кој во голема мера придонесе за овој успешен епилог на десетгодишното патешествие на македонските икони“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека ова е свечен момент кој „нѐ направи да се чувствуваме горди“ бидејќи, како што рече таа, овој чин „нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции“.

„Но, од друга страна, овој чин го отвора патот не само за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло туку и за враќање и во Албанија на изгубените предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти“, додаде таа. 

м

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ