понеделник, 21 октомври 2024

Албанец од Косово уапсен во Турција, пренесувал пари за Мосад

Турската полиција уапсила денес Албанец од Косово осомничен дека пренесувал пари за оперативци на израелската разузнавачка служба Мосад во Турција, пренесува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот Лиридон Реџепи влегол во Турција на 25 август, а бил приведен минатиот петок. Тој е официјално уапсен денес откако признал дека вршел пренесувања на пари.

Од јануари оваа година турските власти уапсиле повеќе десетици луѓе, меѓу кои приватни истражители обвинетите дека за потребите на израелската тајна служба собирале податоци за поединци, главно Палестинци кои живеат во Турција, меѓутоа Израел не се огласува за овие апсења.

Од почетокот на војната на Израел против Хамас во Газа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е еден од најгласните критичари на израелските воени операции.

Во мај Турција го прекина целосниот трговски промет со Израел и поднесе барање за учество во постапката за геноцид против Израел пред Меѓународниот кривичен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ