петок, 26 јули 2024

Албанец на судењето на Тачи сведочеше дека ОВК го малтретирала во притвор во Призрен во 1998 година

Обвинителите вчера во Хаг на судењето на четворица поранешни лидери на ОВК продолжија да докажуваат дека ОВК во 1998-99 година ги подложувала на насилство Албанците што ги прогласила за „колаборанти“, според исказот на заштитен сведок, кој сведочеше дека ОВК го приведувала и малтретирала.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Воените членови на Главниот штаб на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи обвинети се за воени злосторства на Косово и Албанија.

Заради заштита на идентитетот, сведокот го даде исказот на затворена седница, откако на албански јазик положи заклетва дека ќе ја зборува вистината.

Во претходните изјави, чиј резиме го прочитаа обвинителите во судницата, сведокот 4.571 опиша како маскирани припадници на ОВК го однеле во штабот во околината на Призрен во август 1998 година.

Под изговор дека „мора да ѝ помогне на ОВК“, сведокот бил испрашуван од војниците, претепан и принуден да потпише наводно „признание“.

Сведокот 4.571, исто така, рече дека видел „траги на тешко малтретирање“ на други затвореници што ОВК ги држела заедно со него.

Како што рече обвинителот во судницата, сведокот сè уште ги чувствува последиците од злоставувањето од страна на ОВК.

Сведокот 4.571 во продолжението на судењето вкрстено го испрашуваа бранителите на обвинетите.

Според обвинението, во 1998-1999 година, ОВК ги малтретирала сите оние што раководството на албанската паравојска ги прогласила за противници – Албанци означени како соработници на српските власти, Срби и Роми.

Тачи, Весељи, Сељими и Крашниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото во повеќе од 40 притворни центри на ОВК во Косово и Албанија во периодот од 1998 до 1999 година.

Обвинението во 10 точки ги товари за: прогон на политичка и етничка основа, затворање, незаконско апсење и притворање, други нехумани дела, сурово постапување, присилно исчезнување, две точки за тортура и две за убиства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ