сабота, 27 јули 2024

Албанците од Струга го поддржаа човекот што го запали македонското знаме

Објавено на

часот

Сподели

Протестот за поддршка на Исмаили се одржувал додека тој бил пред истражен судија, а граѓаните барале да не му биде изречена мерка притвор.

Тој е обвинет за предизвикување национална, расна и верска омраза и раздор и нетрпеливост.

Според струшката полиција, на Исмаили не му бил изречен притвор и постапката против него ќе се води по редовна постапка.

„Немаше никакви инциденти. Протестот помина мирно. Граѓаните само се собраа пред судот. Немаше ниту извикување навредливи пароли. По еден час граѓаните мирно се разотидоа“, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Минар Исмаили во понеделникот го запали државното знаме пред зградата на општината Струга откако го купил од книжарница во градот. Веднаш потоа тој побегна, но набргу беше уапсен од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ