сабота, 21 декември 2024

Албанците ѝ го враќаат „долгот“ на Италија

Албанското пристаниште во кое некогаш беше сместена националната морнарица е спремно да прими африкански, азиски и мигранти од Блискиот Исток кои таму ќе бидат испратени од Италија во рамки на договорот кој предизвика критики на групите за заштита на човековите права.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот, кој се очекува денес да го одобри албанскиот парламент, ќе ѝ овозможи на Италија да гради центри за процесирање на мигрантите на територијата на оваа балканска држава.

Ова е прв пример една земја надвор од Европската Унија да прима мигранти во име на една ЕУ членка, наведува Ројтерс.

Мигрантите кои ќе стигнат во Италија со брод ќе бидат префрлени во поранешното морнаричко пристаниште Шенгџин, сега популарна туристичка дестинација на албанскиот јадрански брег. „Го поздравувам овој договор. Чувствувам духовна обврска бидејќи децата ми пораснаа во Италија“, вели Михил Марку, поранешен албански воен офицер чии четири деца живеат во Италија. Тој потсети на големиот број Албанци кои емигрираа во Италија поради економскиот колапс по падот на комунизмот.

„Италија беше тука за нас во текот на најтешките денови во нашата историја во деведесеттите, беше албански прозорец и врата“, кажа за Ројтерс Марку кој живее во Шенгџин.

Од Шенгџин мигрантите ќе бидат испратени во Гјадер, гратче оддалечено 15 минути возење каде ќе бидат сместени додека не се обработат документите. На двете локации во Шенгџин и во Гјадер ќе работи италијански персонал.

Според договорот, вкупниот број мигранти во Албанија не смее да надмине 3.000.

Европската комисија во Брисел прогласи дека договорот не претставува кршење на законите на ЕУ, а албанскиот уставен суд во понеделникот оцени дека договорот е во согласност со уставот.

Меѓутоа, активистите за заштита на човековите права предупредуваат дека италијанските судови би можеле да имаат тешкотии со брзото процесирање на барањата за азил на луѓе сместени во друга земја, и дека долготрајните постапки можат неоправдано да ги оптеретат мигрантите. Високиот комесар на ОН за човекови права минатата недела изјави дека планот предизвикува загриженост поради произволното задржување и животните услови за мигрантите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ