сабота, 27 јули 2024

Албанците првпат ќе водат само 4 министерства, реагираат од АА

„Во текот на овие три децении, Албанците во Република Северна Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори, без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери“, велат од Алијанса за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-ВЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ. Нема ресор, Министерство за интеграции не постои. Нема ресор , Министерство за политики за добро владеење не постои. Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф. Нема врска друже, само да влеземе еднаш, па ќе видиме“, се додава во соопштението на АА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ