петок, 18 октомври 2024

Ал Пачино на 83 години стана татко со 29 годишната Нур Алфалах

Објавено на

часот

Сподели

Нур, која е 54 години помлада од славниот глумец, роди син по име Роман Пачино, потврди нивниот претставник за списанието „Пипл“ (People).

Според западните медиуми, Ал Пачино (83) првично бил изненаден од бременоста, па Нур направила и ДНК-тест којшто потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.

Инаку, двојката е во врска две години, а првпат беа видени заедно лани во април. Нур претходно била поврзувана и со Мик Џегер, Клинт Иствуд, како и со францукиот милијардер Никола Бергруен. Инаку, Ал Пачино никогаш не бил во брак. Тој досега ја има ќерката Џули Мери (родена 1989) и близнаците Оливија и Антон Џејмс (родени 2001). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ