сабота, 27 јули 2024

Ал Наср е елиминиран од азиската ЛШ, Роналдо имаше неверојатно промашување (ВИДЕО)

Екипата на Ал Наср го заврши настапот во азиската Лига на шампиони откако беше елиминирана од Ал Аин на пенали.

Објавено на

часот

Сподели

Ал Аин на гостувањето отпатува со предност од 1-0 по првиот меч и веќе по 45 минути поведе со 2-0 и синоќа. Ал Наср се врати, уште во 51. минута беше 2-2.

Во 61. минута Кристијано Роналдо имаше неверојатно промашување, едно од најголемите во неговата кариера. Можеби работите на крајот ќе беа поинакви доколку дадеше гол.

Сепак во 72. минута преку Телес, Ал Наср успеа да направи пресврт, да поведе со 3-2 и тоа беше резултатот од регуларниот дел.

Почнаа продолженија, во нив Ал Аин даде гол за 3-3, Роналдо од пенал погоди во 118. минута за 4-3. Вкупниот резултат беше 4-4, па пеналите го решаваа победникот.

Од пенал серијата од четворица фудбалери на Ал Наср, погоди само Роналдо. Промашија Брозовиќ, Телес и Отавио. Ал Аин беше перфектен од белата точка и го доби овој меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ