сабота, 27 јули 2024
Челси исто така пројавува интерес

Ал Хилал ја има формулата за ангажман на Мбапе, 400 милиони за фудбалерот и 200 милиони за ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе повторно е во фокусот на фудбалската јавност откако ПСЖ реши да го изостави за турнејата во Јапонија. На овој начин, „светците“ сакаат да извршат притисок врз играчот за тој или да стави потпис на нов договор или да биде продаден во летниот преоден рок.

Се шпекулира дека Челси пројавува интерес но во моментов тие само анализираат колку е возможен еден ваков трансфер и немаат повлечено конкретен чекор. Исто така се говори дека барем уште еден клуб од Премиерлигата е заинтересиран за Килијан Мбапе.

Саудиска Арабија исто така е на готовс, последните информации велат дека Ал Хилал е подготвен да му плати на ПСЖ обесштетување од 200 милиони евра, додека пак на Килијан Мбапе да му даде двегодишен договор тежок 400 милиони евра.

Ал Хилал исто така нема да му прави проблем на Килијан Мбапе доколку напаѓачот реши во 2024 да направи трансфер во Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ