Нејмар на носилки и со солзи во очите го напушти синоќешниот дуел против Уругвај во квалификациите за мундијалот во 2026 година и се стравуваше дека го чека долга пауза.
Вечерва пристигна потврда за најцрните сценарија, од таборот на Ал Хилал соопштија дека Бразилецот ги покредил вкрстените лигаменти на коленото, го оштетил и менискусот па мора на операција.
Со ваква прогноза, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци, па сезоната за него е завршена.
Ал Хилал му плати 90 милиони евра на ПСЖ за трансфер на Нејмар, а на Бразилецот му даде плата од над 100 милиони евра годишно, но клубот од Саудиска Арабија нема да види многу аир од сето ова барем до следната сезона.