Според научниците, апетитот за одредена храна може да се контролира со помош на метални топчиња наместо традиционални игли. Водечкиот автор на научниот труд е Такахиро Фуџимото, лекар од клиниката „Еф“ во Токио, Јапонија.
„Кога малите метални топчиња се закачуваат на шест точки на увото, тоа ги стимулира нервите и органите коишто го регулираат апетитот и гладта. Овој метод на акупунктура не бара посебни вештини. Акупунктурата треба да се комбинира со диета и вежбање“, вели Фуџимото.
Испитувањата опфатиле набљудување на состојбата на 81 Јапонец со дијагноза на прекумерна тежина или дебелина на возраст меѓу 21 и 78 години, индекс на телесна маса поголем од 28,4 и со висок степен на абдоминална дебелина.