недела, 27 октомври 2024

Активни се пет пожари

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден до 14 часот имаше вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола е еден и изгаснати се три.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Чашка на планината Мукос, во Општина Штип помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, два пожари во Општина Студеничани, над селото Црвена Вода и кај селото Љубош и последниот активен пожар е во Општина Лозово, кај селото Дурфулија, каде гори борова шума.
Под контрола е пожарот на Галичица, а изгаснати се пожарите на териториите на општините Струга и Куманово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ