понеделник, 16 септември 2024

Активни се девет пожари, во Мариово огнена линија од 30 километри

Шест денa не стивнува пожарот во Мариово, а огнената линија веќе се прошири на повеќе од 30 километри. И денеска повеќе од 200 војници, полицајци, пожарникари и локалци се на терен  во заштита на населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека се надминати опасностите за селото Крушевица и за манастирот „Свети Никола“ во Прилепец. Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, под контрола е еден и изгаснати се шест.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се и пожарите на планината Мукос, Општина Чашка, кај Катланово, полигонот Криволак, кај село Танушевци, Општина Чучер Сандево, кај селото Десово, Општина Долнени, Дервен – Прилеп, Пагаруша и Долно Количани, Општина Студеничани.
Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ