недела, 27 октомври 2024

Активисти предупредуваат дека во недела на беровската „Штрапаријада“ ќе се измачуваат коњи

Објавено на

часот

Сподели

Ако само се погледне што се случувало на минатите вакви настани ќе посведочите на крајно нехумано и сурово однесување спрема животните од страна на учесниците, проследено со влечење, тепање, присилба на коњи која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност, реагираат од оваа невладина организација.
 
„Законот за штита и благосостојба на животните јасно предвидува дека во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. На животните треба да им се обезбеди нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби. Забрането е присилување на животните на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност. Исто така законот определува дека тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, велат од Заштита на животните.
 
Оттаму велат дека организаторот и учесниците не само што со своите дејствија вршат кривично дело, туку и дека целиот овој настан од почеток до крај е проследен со бројни пропусти.
 
„Организаторот нема никакви правила за одржување на настанот, никаква организациска поставеност, настанот се одржува без склучен договор со правно лице за обезбедување на истиот, без присуство на Итна помош, без потпишан договор со ветеринарно друштво кое би било присутно со оглед на тоа дека главни учесници се животни. Организаторот притоа спротивно на закон, врши нерегистрирана дејност, односно продава билети, храна и пијалоци, без дозвола од надлежен орган. Потеклото на труповите кои се користат и после одржувањето на неколку настани од ваков тип е непроверено, односно прашањето, али сечата на труповите кои се употребуваат на настанот е извршена легално, односно дали организаторот поседува документација за сечата и вршење на транспорот до сега никој од надлежните го нема одговорено, иако сето ова им се случува пред очи. И за крај, општината, поради само за неа познати причини, целосно е индиферентна по однос на овој настан, односно се иззема од било каква надлежност иако овие примитивни, сурови и целосно непотребни случувањ оставаат многу лоша слика за истата пред очите на светот. Штрапаријадата во Берово е само уште еден доказ за целосно нефукционирање на системот, за целосно игнорирање на случувањата на надлежните институции, кои не што не постапуваат по службена должност што е нивна законска обврска, туку и не реагираат соодветно и кога ќе им го посочиш проблот. Вакво недозволиво однесување и безредие на мала група на луѓе, кои со секоја своја постапка кршат закон не би била можна кога институциите на системот би си ја вршеле работата за која се платени“, велат од оваа невладина организација.
 
Од невладината велат дека како и во минатото така и овој настан е пријавен од сите здруженија за заштита на животните.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ