сабота, 27 јули 2024

Активисти ги пречкртуваат буквите Z во Белград: „Србија е под медиумска окупација на Путиновиот режим“

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата е спроведена по повод истекот на третиот месец од почетокот на нападот врз Украина, со порака дека „не сакаат симболи на агресивна војна на јавниот простор“.

Буквите „Z“ се пречкртани со сино-жолт спреј, во форма на знамето на Украина, а во истиот премин има голем број графити посветени на поранешниот командант на Војската на Република Српска Ратко Младиќ, сите веќе пречкртани.

Адвокатот Чедомир Стојковиќ за новинарите изјави дека Србија е под „медиумска окупација од режимот на (рускиот претседател) Владимир Путин, под кој се случи епидемија на такви графити“.

Тој оцени дека буквата „Z“ е „симбол на окупација“.

„Присуството на тој симбол на окупација покажува дека Белград е окупиран град. Време е овој град да почне да се ослободува“, рече Стојковиќ.

Претставникот на неформалната група „Русите, Украинците, Белорусите и Србите заедно против војната“ Петар Никитин најави дека ќе организира нов протест на белградскиот Плоштад на Републиката в сабота на 28 мај во 14 часот поради нападите врз Украина.

Тој најави дека на протестот ќе собере хуманитарна помош, односно работи како конзервирана и долготрајна храна, пелени и стерилни гази, кои ќе бидат испратени во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ