сабота, 27 јули 2024

Активист за борба против пушењето: Може ли да им се верува на тутунските компании?

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, постои голем скептицизам кога станува збор за искрените намери на тутунските компании, што според мислењето на овој експерт, е сосема оправдано: „Па, јас бев еден од нивните најголеми противници. Реалноста, сепак, е поинаква. Ако ги погледнеме трендовите во светот пошироко, очигледно е дека тутунската индустрија ги следи трендовите на намалување на штетноста. Ги погледнав научните факти и сфатив дека е можно да се извлечат придобивки за јавното здравје од производите од новата генерација. Беше многу тешко, но ги надминав сопствените предрасуди“.

Дерек Џек верува дека треба да ги слушаме научниците и другите експерти кои развиле нови технологии за да обезбедат алтернативи за пушењето. Станува збор за производи кои содржат никотин, но испуштаат драстично помалку потенцијално штетни материи во однос на цигарите бидејќи нема согорување, туку тутунот се загрева. Сепак, само технологијата не е доволна, потребна е и желбата на пушачите да се откажат од цигарите.

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го класифицираше Ajкос (IQOS), еден од оние производи што го загреваат тутунот, во категоријата „производи со модифициран ризик“. Џек заклучува дека владите и другите институции ширум светот треба да го следат ФДА и да донесуваат одлуки врз основа на научни докази, бидејќи неподготвеноста и незнаењето предизвикуваат катастрофални последици. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ