„Почнува процедурата, но не можам однапред да знам во каква содржина се законите и во каква конечна верзија се тие законски проекти, затоа што можат да бидат изменети со амандмани. Мојот правен тим во кабинетот и надвор од него е веќе ангажиран да ја следи дебатата и да го каже мислењето за тоа што ќе произлезе како конечен продукт. Во однос на процедурата, мислам дека тие закони не одат со европско знаменце и дека тоа е можност да има дебата, а потоа ќе може да знаеме какви ќе бидат конечните законски верзии.
Има реакции од археолози и од други организации, има и од политички партии, но битно за мене е да ги видам конечните закони и доколку тие произведуваат повреда на права на граѓани, ако навлевуваат во права на трети лица, сигурно дека барем дел од тие закони нема да поминат кај мене“, изјави претседателот на Македонија Стево Пендаровски.