петок, 27 декември 2024

Ако во Сибир се реактивираат вирусите од вечниот мраз, можна е страшна пандемија

Вирусите заробени во вечниот мраз на Арктикот во Сибир би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат застрашувачка нова пандемија, предупредија научниците.

Објавено на

часот

Сподели

Заканата од појава на пандемија предизвикана од овие вируси е зголемена поради климатските промени и глобалното затоплување, што може да доведе до ослободување на смртоносните микроби со милениуми заробени во вечниот мраз, пишува Гардијан.

Весникот наведува дека истражувачите веќе изолирале соеви на т.н. метузалемски микроби или зомби-вируси, кои предизвикуваат страв од глобално ширење болести од далечното минато.

Научниците почнаа да планираат да воспостават мрежа за надгледување на Арктикот која точно ќе ги идентификува раните случаи на болести предизвикани од антички микроорганизми.

„Во моментов, анализата на заканата од појава на пандемија е фокусирана на болести што би можеле да се појават во јужните региони, а потоа да се шират кон север. Малку внимание ѝ е посветено на епидемијата што може да потекнува од далечниот север, а потоа да се прошири на југ, што верувам дека е превид. На северот има вируси што имаат потенцијал да заразат луѓе и да покренат нова епидемија“, вели генетичарот Жан-Мишел Клавери од универзитетот Екс-Марсеј.

Марион Купманс, виролог од Медицинскиот центар Еразмус во Ротердам, вели дека не знаеме кои вируси лежат во вечниот мраз, но смета дека постои реален ризик да има некои вируси што би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат пандемија.

„Мора да претпоставиме дека такво нешто може да се случи“, рече Купманс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ