Рома тргна разочарувачки оваа сезона, а и покрај тоа што волчицата врза две победи на последните два меча, раководството на клубот размислува за отказ на Жозе Мурињо, тврди весникот „Кориере дело Спорт“.
Откако Мурињо пристигна во Рома, клубот има минимален трансфер буџет, но благодарение на харизмата и минатите успеси на Португалецот во тимот пристигнаа важни играчи кои дојдоа како слободни агенти или на позајмици.
Сепак, раковдството на Рома не е задоволно од резултатите и не се исклучува можноста да се решат за тренерска смена доколку се случи уште некој голем кикс.