сабота, 27 јули 2024

„Ако постои намера да се апси Мило Ѓукановиќ, одговорот ќе биде радикален“

Доколку постои намера да се уапси поранешниот претседател на Црна Гора и на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, „одговорот ќе биде радикален“, порача актуелниот претседател на највлијателната опозициска партија во Црна Гора Даниел Живковиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако постои таква намера и ако некој мисли со политичко влијание или инструментализација на правосудството да почне и продолжи спирала на реваншизам или преку искажан намера едноставно да тргне со таа намисла, тогаш не се сомневајте дека одговорот ќе биде радикален. Тоа значи дека ќе се организираме доволно добро и дека таквите намисли ќе ги спречиме“, кажа Живковиќ.

Мило Ѓукановиќ формално се повлече од политиката откако минатата година ги изгуби претседателските избори, а потоа поднесе оставка на лидерската позиција во Демократската партија на социјалистите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ