сабота, 27 јули 2024
Директорот на ЦУК со одлука ако Владата не ја прифати иницијативата

Ако нема обештетување на воените инвалиди Ангелов најави напуштање на владината коалиција

Објавено на

часот

Сподели

Тој во вечерашното гостување во ТВ Сител  рече дека во случај да им биде отфрлена инцијативата нивното излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт, но оти сепак се надева дека низ разговор ќе се најде заедничко решение.

„Доколку Владата ја отфрли нашата иницијатива ние ќе ја напуштиме владината коалиција, свесни дека притоа нема да предизвикаме политички земјотрес.  Ние работиме реал политика,  свесни сме мал политички фактор, без пратеник и како и да е нашето излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт. Но јас искрено врз основа на изјавата на премиерот, јавно дадена изјава која што ја повторив во два наврати наредните денови, се надевам дека низ разговор ќе најдеме решение со коешто ќе го надминеме овој горлив проблем“, изјави Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ