„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена информација, известување или пријава која би упатувала дека во настанот има сомненија за сторено кривично дело. Во конкретниот случај, обдукцијата на починатото бебе е извршена по службена должност на Институтот за патологија, а извршен е и надзор на Клиниката за детски болести од страна на надлежните служби. Доколку притоа бидат утврдени сомненија дека причина за смртта би можело да биде несовесно лекување или друго кривично дело, тие имаат обврска тоа да го пријават до обвинителството. Исто така, пријава можат да достават и други лица кои имаат такви сомненија, по што обвинителството ќе постапи и ќе ги провери наводите“, стои во одговорот од
Министерот за здравство Арбен Таравари пред неколку дена изјави дека го прочитал извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на Детската клиника во Скопје, и во него е констатирано дека нема лекарска грешка.
„Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделник. За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка“, рече Таравари неодамна одговорајќи на новинарско прашање.
Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.
„Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Меѓутоа, констатирано е дека нема лекарска грешка“, додаде Таравари.
Седуммесечно бебе починало на 16 декември на интензивна нега на Детската клиника во Скопје.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предложи Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.
На 11 декември, во вечерните часови, детето повторно било донесено на Клиниката и заради влошената клиничка слика, хоспитализирано е на Одделот за неврологија. Креирани му се упати за повеќе испитувања, а на 13 декември заради натамошно влошување на здравствената состојба, трансферирано на Одделот за интензивна нега и терапија.
Таткото на 7-месечното бебе што почина откако не беше хоспитализирано на Детската клиника во Скопје, Влатко Трпкоски вели дека е разочаран од министерот за здравство Арбен Таравари поради неговата изјава дека „за среќа стручна комисија констатирала дека кај лекарите нема никаква лекарска грешка“ за смртта на бебето Дамјан. Тој најави дека ќе ја тужи Клиниката и вели дека детето било донесено со цвенило на лицето и нозете, му била направена лабораторија и ги препратиле на Дерматологија и Инфективна клиника, па повторно на Детска клиника, каде што им кажале да си одиме дома бидејќи немало потреба од хоспитализација.
Тврди дека бебето дури не било ни прегледано детелно, за по неколку дена состојбата да му се влоши, по што тоа почина. До сега во Обвинителството нема пријава за сомнеж дека бебето е несевесно лекувано.
К.Д.