сабота, 19 октомври 2024
Второ засилување за Тухел

Aко не можеш да го победиш, придружи му се: Гереиро од Дортмунд во Баерн Минхен

Објавено на

часот

Сподели

„Баварците“ го комплетираа второто засилување за новата сезона, на „Алианц Арена“ пристигна Рафаел Гереиро.

Португалецот не успеа да договори нова соработка со Борусија Дортмунд, и како многу други играчи, реши да се пресели во Баерн Минхен, најдобриот клуб во Германија.

„Баерн го комплетираше трансферот на Рафаел Гереиро, сестрасниот 29 годишен Португалец, кој вообичаено игра по левата страна, стави потпис на договор до 30. јуни 2026 година“ – гласеше известувањето.

За новата авантура, Рафаел Гереиро рече: „Кога добив повик од Баерн Минхен, одлуката беше лесна. Чест е да се игра за овој голем клуб, исто така имам високо мислење за Томас Тухел. Јас сум играч кој постојано ја бара топката, идејата е да се контролира играта и сакам да креирам шанси. Ќе го дадам максимумот за да освоиме што е можно повеќе титули. Тоа е филозофијата на Баерн“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ