четврток, 30 мај 2024

Ако Јакимовски стане претседател, најголема поддршка ќе имаат здравствените работници

Како претседател на Република Македонија ќе дадам најголема поддршка на младите лекари, поготово специјализантите коишто навистина не наоѓаат на разбирање токму од здравствените власти и од Владата. И можете да замислите еден специјализант кој специјализира шест години да биде без здравствено осигурување, а токму да работи во здравствениот сектор, изјави денеска претседателскиот кандидат од ГРОМ и коалицијата, Ствечо Јакимовски.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е апсолутно недозволиво. Не смееме веќе да дозволиме ниту еден млад лекар да се отсели од Република Македонија. Тие треба да добиваат, за време на специјализацијата, пристојна плата, за време на обуките коишто ги имаат, за потоа тие го преземат товарот на здравството, вели Јакимовски..

„Инсистирам да придонесот за здравствено осигурување се врати на 13 отсто. Тоа значи дека ќе имаме средства доволно и за покачување на платите во здравството и за обезбедување на материјални услови и за специјализација и за праќање во странство на здравствените работници, како и она што е најбитно, за набавка на нова опрема и усовршување на нови методи, инвазивни и неинвазивни методи за лечење на пациентите, како би можеле во што пократок рок повторно да се вратат во функционална способност, односно да се вратат луѓето на своите работни места“, рече Јакимовски.

Тој упати критика до „оние што се крајно неспособни, кои 15 години се договараат да изградат клиничка болница и не можат да се договорат за процентите“.

„Најсериозна критика затоа што десет години не можеме  да ја изградиме клиничката болница во Штип, тоа се најсериозни критики што треба да ги имаат едни здравствени власти и згора на тоа уште бараат повторно поддршка од граѓаните за да продолжат со својата неспособност и неработење“, изјави Јакимовски.

Тој предлага да се изгради болница по НАТО-стандарди и да стане регионална НАТО-болница во којашто Македонија ќе добие логистика, опрема, во којашто ќе се добиваат специјализации и во којашто ќе има и ќе може да се лечи комплетно безбедносниот сектор на Република Македонија.

„Со намалување на придонесите од 13 отсто на 7,6 отсто буквално го уништивме здравствениот сектор. Ние мораме да направиме сѐ, ниту еден здравствен работник да не ја напушти Република Македонија, туку да создадеме материјални услови и претпоставки за да овде ги лечат граѓаните на Република Македонија“, рече Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ