Новинарите прашаа како ја коментира изјавата на Гаши дека негова татковина е Косово, а Мицкоски одговори дека не слушнал и не прочитал таква изјава.
Откако му беше кажано дека тоа го изјавил за Радио телевизија Косово, Мицкоски одговори дека во разговорите со него Гаши лично кажал дека тоа е Македонија.
„Но ако тоа го изјавил тој треба час поскоро да се извини затоа што тој живее овде и овде зема плата од граѓаните, од Македонци, Албанци, Турци, Срби и од сите“, рече Мицкоски.
Инаку, Гаши изјавил дека е роден во Скопје. Поради работа неговите родители во шеесетите години од минатиот век се преселиле од Косово во Скопје и тој поради тоа го чувствува Косово како татковина.
Според Гаши, луѓето родени по деведесеттите години не можат да го разберат тоа, но се работи за лично чувство.