Евертон подолго време е под истрага за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, и оваа недела се појавија информации кои велеа дека Премиерлигата бара на „карамелите“ да им се одреди строга казна и одземање на 12 бода.
На ваквите информации интересна реакција имаше Џејми Карагер, кој смета дека Манчестер Сити треба да биде испратен во шеста лига доколку се применат истите аршини.
„Премиерлигата бара одземање на 12 бода на Евертон за само едно обвинение. Манчестер Сити ќе заврши во Национална Лига Север доколку Премиерлигата постапи исто!“ – напиша легендата на Ливерпул.
„Неверојатно колку само написи се појавија за ситуацијата на Евертон, но прилично е тивко кога е во прашање Манчестер Сити, кој да потсетам има дури 114 обвиненија“.
The PL want a 12 point deduction for Everton for one charge.
Man City are going to end up in the National League North if the PL get their way!!Unbelievable the amount of stories that come out about Everton’s situation, but Man City’s, which has 114 more charges & has gone on… https://t.co/WjryWUxLUB
— Jamie Carragher (@Carra23) October 25, 2023