сабота, 27 јули 2024

Ако е чесен Јакимовски ќе ја поништи дозволата за градба кај Воената болница, порачаа Независни за Карпош

Правосилно стана решението со кое се поништи незаконското позитивно конзерваторско мислење за градење на зградите во болничкиот комплекс кај Воената болница, објави советничката група Независни за Карпош и му порачаа на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ја поништи дозволата за градба и со тоа, како што велат од групата, да даде конкретна потврда на сопствените зборови дека е чесен и дека работи согласно законите.

Објавено на

часот

Сподели

„Еве му шанса на градоначалникот да ѝ покаже на јавноста дека работи чесно и согласно законите, како што деновиве изјавува по медиуми како претседателски кандидат и ставен несреќно на црната листа на САД.
Решението со кое се поништи незаконското позитивно конзерваторско мислење за градење на зградите во болничкиот комплекс на Воена болница, Жан Митрев, Букурешт е ПРАВОСИЛНО.
Градоначалникот и надлежните во општина Карпош МОРА да постапат по службена должност и да го поништат одобрението за градење, зошто позитивното конзерваторско мислење беше услов за негово добивање. Градоначалниче, одобрението за градење да се поништи ВЕДНАШ, без одлагање и калкулации!“, се вели во објавата на Независни за Карпош.
Инаку, парцелата каде е во план да никне 17-катен објект се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашна ГОБ „8 Септември“. Според Законот за заштита на културно наследство, за каков и да е проект во тоа подрачје потребно е одобрение од Конзерваторскиот центар.
Конзерваторскиот центар минатиот месец го поништи одобрението, по што инвеститорот вложи жалба која е отфрлена.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ