понеделник, 3 март 2025

Акио го предводи одржливиот развој, работилница за зелена енергија во Штип

Акио (Акуо), глобален лидер во обновливите извори на енергија и посветен поддржувач на одржливиот развој, ја потврди својата посветеност кон создавање позелена иднина преку одржување интерактивна работилница во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Настанот се одржа во присуство на владини претставници, бизнис лидери, еколошки експерти, студенти и претставници од земјоделскиот и енергетскиот сектор.

Објавено на

часот

Сподели

Работилницата „Развој на Штип преку поттикнување одржлив раст, земјоделство и транзиција кон зелена енергија“, е дел од пошироката иницијатива на Акио за поттикнување иновации и создавање долгорочни економски и еколошки придобивки за регионот. Работилницата воедно имаше за цел да ја охрабри локалната заедница во процесот на барање решенија како обновливите извори на енергија да станат одржливи економски модели.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, во своето поздравно обраќање истакна дека овој регион има клучна улога во енергетската транзиција, благодарение на географската локација, развиената индустриска инфраструктура и високата свест за одржлив развој.

„Соработката со институциите, приватниот сектор и академската заедница ни овозможува да учиме и да ги имплементираме најновите технологии и најдобрите практики во обновливите извори на енергија. Преку паметни решенија за енергетска ефикасност создаваме одржливи услови за економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Јорданов, изразувајќи голема благодарност до Акуо за интегрирањето на локалните заедници во иницијативи за обновлива енергија.

На работилницата, Акио ги претстави можностите за инвестиции, технолошките напредоци и политичките препораки кои можат да ја забрзаат транзицијата на Штип кон позелена економија. Беа споделени и успешни примери од глобалните проекти на Акуо, демонстрирајќи ги конкретните придобивки од интеграцијата на чистата енергија во различни региони.

На вториот панел од работилницата се споделија значајни сознанија за потребите и барањата на студентите од Штип и околината. Преку динамични дискусии и размена на искуства, панелот одигра клучна улога во дефинирањето и заедничкото обликување на проектот на фондацијата. Овие разговори се од исклучително значење за идентификување на реалните предизвици со кои се соочуваат студентите и заедницата, давајќи потврда дека проектот ќе се развива во согласност со нивните потреби.

„Проектите за обновлива енергија се долгорочни, а во Aкуо ги развиваме со силни амбиции насочени кон локалната заедница. Стануваме дел од околината, и токму затоа наша одговорност е да ја поддржиме соработката со универзитетите и да го поттикнеме поврзувањето меѓу енергетското и земјоделското производство“, изјави Емил Бакиќ, државен менаџер на Aкио.

Акио фондацијата активно работи на овој проект веќе неколку месеци заедно со локалните партнери. И ова не се само зборови, туку реални проекти со вистинско влијание кои носат значајни промени и се во служба на студентите, универзитетите и локалните заедници. Наша улога и наша мисија е да го претвориме сето тоа тоа во реалност“, истакна Катинка Рамбер, директорка за општествена одговорност во Акио и раководителка на Акуо фондацијата.

Работилницата заврши со дефинирање конкретни чекори од страна на Акио фондацијата за понатамошна поддршка на транзицијата на Штип кон енергетска одржливост. Овие чекори вклучуваат започнување пилот-проекти за интеграција на обновливите извори на енергија во земјоделското производство, формирање регионална работна група за одржливост и воспоставување долгорочни механизми за соработка со цел да се обезбеди континуиран напредок.

Лидерството на Акио во оваа иницијатива ја потврдува позицијата на компанијата како клучен фактор во глобалните напори за обновлива енергија и одржливост. Преку проактивни чекори за зајакнување на заедниците и инвестирање во зелени решенија, Aкио не само што го трансформира економскиот пејзаж на Штип, туку и поставува пример за одржлив рурален развој на глобално ниво.

Aкиo е независна глобална компанија за производство и развој на обновлива енергија. Компанијата го опфаќа целиот процес – од развој и финансирање до изградба и управување со проекти. Заклучно со крајот на 2024 година, Акио имаше вкупен капацитет од 1,9 GW во функција или во изградба, како и проектно портфолио од над 12 GW. Со повеќе од 450 вработени, компанијата, со седиште во Париз, Франција, развива проекти во повеќе од дваесет земји ширум светот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ