петок, 13 декември 2024

Акционерите во Британија од дивиденди добија над 100 милијарди долари!

Објавено на

часот

Сподели

Според достапните поДивиентадатоци, сумата што е исплатена за дивиденди на сопствениците на акции на британски компании лани е зголемена за 19,4%, што претставува рекорден пораст досега, и покрај тоа што е глобална економска криза.

Лани 438 британски компании им поделиле дивиденда на своите акционери. Нивниот број е само за 4 компании повисок во споредба со 2010 година. Притоа 373 компании ги зголемиле износите што како дивиденда им ги поделиле на своите акционери, 90 компании ги намалиле или воопшто не исплатиле дивиденди.

Според истражувачите од „Капита регистер“ во 2012 година акционерите на британските компании треба да очекуваат вкупниот износ на дивидендата да порасне до 75 милијарди евра.

Меѓу најголемите плаќачи на дивиденди на акции се гигантите: „Водафон“ – најголем светски телекомуникациски оператор според годишните приходи, „Бритиш петролеум“ БП и „Интернешнел пауер“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ