сабота, 27 јули 2024

Акција во недела, полицијата напиша 648 казни за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

Од брзите возачи  24 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место.

Во Скопје сообраќајната полиција напиша 72 казни за брзо возење, а исто така напиша и 10 казнзи за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал, како и казни за друг вид сообраќајни прекршоци.

Од МВР предупредуваат дека нема да прекинат со акциските секојдневни контроли во сообраќајот и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ