понеделник, 15 април 2024

Акциите на УНИ банка се најпосакуваните акции во 2023 година

Успешната 2023 година и доброто работење на УНИ банка години наназад, одличниот имиџ и репутација кои ги ужива во јавноста и во деловниот свет, придонесоа банката да биде добитник на две значајни признанија од Македонска берза за 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Првата награда е во категорија „Акција со најголем промет во 2023 година“, а втората за „Акција со најголем пораст на цената во 2023 година“ и двете во сегментот акционерски друштва под 50 милиони евра пазарна капитализација.

Наградите во име на УНИ банка ги прими Владислав Хаџидинев, извршен директор на банката кој изјави дека е ова резултат на добрата стратегија за развој на банката, како и на одличниот тим на врвни финансиски професионалци и експерти кои работат во банката.

Акциите на УНИ банка во 2023 година беа едни од најпосакуваните хартии од вредност во земјава, што е потврда за стабилноста и сигурноста на банката, на довербата која ја ужива во земјава од акционерите инвеститори, како и од штедачите и деловните субјекти. Тоа е сигнал за инвеститорите дека и во иднина акциите на УНИ банка ќе бидат исплатлива инвестиција, додаде Хаџидинев.

Наградите се добиваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на ХВ и бројот на трансакции во тековната година, а ги доделува Одборот на директори на берзата.

УНИ банка АД Скопје и во 2022 година беше наградена од Македонска берза во категорија Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ