петок, 21 март 2025

Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, два затворени

Вчера биле извршени контроли на 16 угостителски објекти, од кои 10 во Тетово, а шест во Гостивар. Констатирани биле низа неправилности и од страна на Државен пазарен инспекторат (ДПИ) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, контролите биле спроведени вчера, од 10 до 15 часот. Во акцијата учествувале полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар заедно со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување.

Притоа биле преземени координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на  службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ