Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ рече дека една од главните заложби на новото раководство ќе бидат младинските категории. Академијата на ФФМ е создадена да ги собира најдобрите млади играчи на едно место, тоа е проект финансиран од УЕФА.
Колку пари се одвојувале за Академијата од претходното раководство и колку тоа се грижело за условите во кои живеат и функционираат македонските фудбалски надежи, показател е видеото кое е објавено.
Условите се најблаго речено мизерни, срамни. Новото раководство на ФФМ ветува дека ќе ги засука ракавите и од Академијата повторно ќе направи репрезентативен објект по примерот на развиените земји кој ќе има нормални услови за функционирање на младите фудбалери.