сабота, 27 јули 2024
Ѕвездата на Бренфорд доби суспензија од осум месеци

Ајван Тони со дијагноза зависник од коцкање, напаѓачот продолжува да се обложува на други спортови

Објавено на

часот

Сподели

Ајван Тони доби суспензија од 8 месеци откако беше прогласен за виновен за прекршување на правилата (преку 200 пати) за обложување, но казната можела да биде многу поголема, ФА му подготвувала суспензија од дури 15 месеци.

Англичанецот имал многу „гревови“, во 13 наврати се обложил дека неговиот тим ќе изгуби (11 пати на пораз на Њукасл, 2 пати на пораз на Виган), информирал пријател дека ќе биде стартер на следен натпревар (во март 2018), користел сметки на други луѓе за да става облози, постои сомнеж дека имал втор мобилен од кој се обложувал и никогаш не го пријавил, а на почетокот од истрагата дури и ги лажел луѓето од ФА за обложување на фудбалски натпревари.

Го спасило тоа што на крајот ги признал делата а психијатар поставил дијагноза дека Англичанецот е зависник од коцкање и сведочел дека му е потребна стручна помош.

Ајван Тони и понатаму продолжува да се обложува на други спортови и игра он-лајн казино, но ветил дека ќе работи на овој проблем во текот на суспензијата од осум месеци.

Од Брентфорд порачаа дека ќе сторат се што можат за да му помогнат на Ајван Тони и неговото семејство за справување со порокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ