„Старата дама“ направи значаен исчекор кон место во Лигата на шампиони откако попладнево со 0-2 триумфираше во Бергамо.
По десетина минути игра во второто полувреме, една одбиена топка стигна до 19 годишниот Ајлинг Џуниор кој го постигна својот деби гол и донесе водство од 0-1.
Трите бода беа осигурани длабоко во судиското надополнување, Влаховиќ прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-2 во 98. минута.
Со оваа победа, Јувентус се искачи на второто место на табелата во Серија А, со два бода повеќе од Лацио, три од Интер и пет од Милан.