понеделник, 27 мај 2024

Ајкос караванот пристигна во Струга

Новата генерација Ајкос илума (IQOS ILUMA) уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, моментно лоциран во Струга. Караванот е поставен на кејот Борис Кидрич, во близина на Мостот на поезијата, а работното време е од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот.

Објавено на

часот

Сподели

На оваа привремена локација, сите полнолетни пушачи ќе можат да се запознаат со IQOS уредите и да дознаат повеќе за нив и за напредната технологија на индукциско загревање, купување додатоци, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

IQOS ILUMA семејството вклучува три модели на уреди, кои се засновани на иста технологија. Сите уреди го загреваат, а не го согоруваат тутунот, со што се намалува нивото и количината на штетни материи во просек и до 95 проценти во споредба со чадот од цигарите. IQOS не е без ризик, создава никотин кој предизвикува зависност, но претствува подобар избор за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

На глобално ниво, производите без чад на ФМИ се продаваат на 84 пазари. Денес, повеќе од 28,6 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 73% целосно се откажале од пушењето. ФМИ има ангажирано повеќе од 1.180 научници, инженери, техничари и помошен персонал, секој од нив работи во различни, сложени области и има инвестирано над 12,5 милијарди американски долари во истражување, развој на производи и научна поткрепеност на производите без чад на компанијата. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Кај нас, освен во Струга, овој уред е достапен и кај продажните партнери во повеќе градови во земјата. Во главниот град Скопје има два IQOS бутика во трговските центри Ист Гејт Мол и Дајмонд Мол и IQOS зони моментно сместени во трговските центри Скопје Сити Мол и Капитол Мол, Веро Тафталиџе и Палма Мол во Тетово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ