сабота, 27 јули 2024

Ајде да бидеме по малку скандинавци, му порача Сиљановска Давкова на Мицотакис

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска изјавите од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека е можно вето на европските интеграции поради непочитување на Преспанскиот договор, одговори дека не ги коментира пораките на Мицотакис. Но таа сепак, му порача: „Ајде да се однесуваме по малку скандинавски“.

Објавено на

часот

Сподели

„Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше“, рече Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години по Шумановата декларација” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.

Тоа, како што кажа, е механизам што постои и што е загарантиран во процесот на одлучување на секоја членка на Европската Унија.

„Јас не можам да го спречам во тоа. Преспанскиот  договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека е тоа во духот на развивањето на пријателските односи. Мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да фрлиме поглед врз културната дипломатија каде на поинаков начин ги решаваат проблемите. Сметам дека и ние со соседите би можеле во пријателски дух да се обидеме на поинаков начин да се однесуваме и по малку да бидеме скандинавци“, порача Сиљановска Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ