сабота, 5 октомври 2024

Ајатолахот за првпат по четири години предводеше молитва: „Муслиманските народи имаат ист непријател“

Иранскиот врховен лидер ги повика муслиманските нации „да поврзат појас на одбрана“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамнеи зборуваше додека ја предводеше петочната молитва во Иран за првпат по четири години.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Следејќи ја иранската традиција, тој го одржа говорот со пушка покрај себе.

Кажа дека непријателот на Иран е истиот непријател на палестинската држава, на Либан и на другите муслимански народи.

Тој додаде дека упадот на Хамас во Израел на 7 октомври бил легитимен чин, како и нападот на Иран на таа земја оваа недела.

Неговата порака доаѓа помалку од една недела откако Израел го уби Хасан Насралах, лидерот на либанската паравојска Хезболах, во воздушен напад на Бејрут.

„Иран повторно ќе го нападне Израел ако е потребно. Брилијантната акција на нашите оружени сили беше сосема легална и легитимна“, кажа Хамнеи.

Тој голем дел од својот говор го посвети на Хезболах и Хасан Насралах. Другиот дел од неговата проповед беше на арапски јазик, за да се обрати на Палестинците и Либанците: „Израел никогаш нема да ги победи Хамас и Хезболах“, порача ајатолахот.

„Народот на Палестина има право, пред непријателот кој ги зазема нивната земја, фармите и влијае на нивните животи, да се одбрани себеси“, кажа тој.

„Палестинскиот народ има законско право да се брани. Да се спротивстави на овие злосторници – окупациските сили. Не постои ниеден суд или меѓународна организација која може да го обвини палестинскиот народ за тоа што едноставно ја брани својата татковина“, кажа Али Хамнеи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ