Стејн летово пристигна во Ајакс и потпиша договор до 30 јуни 2026 година со клубот од Амстердам, но работите се одвиваа толку лошо што беше чудо што издржа и до овој ден.
Ајакс денеска информираше дека се разделува со Стејн поради лошите резултати на тимот.
Гигантот од Амстердам е на претпоследното место и има серија од четири порази по ред.