Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските
барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса. Кај 16 игротеки било утврдено дека за вработените не биле спроведени здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи.
За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно
отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни, соопшти АХВ.