Државниот инспекторат на Република Хрватска вчера повлече говедски и пилешки коцки тешки 120 грама со рок на траење до 2 и 3 јули 2025 година, поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината.
„Повлечена е говедска коцка од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката со пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година“, се вели во објавата на Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата веб-страница.
Според „Подравка“ овие коцки биле извезени во Словенија, Полска, Естонија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
АХВ посочува дека ќе ја следи состојбата и доколку добие известување веднаш ќе ги спроведе потребните мерки и ќе ја информира јавноста.