петок, 27 декември 2024

АХВ изврши вонреден надзор на Водовод, водата за пиење во Скопје е безбедна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес
спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие
„Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности
за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна
мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење, соопштија попладнево од АХВ.

Објавено на

часот

Сподели

Со контролата утврдено е дека Водовод и канализација Скопје извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа.

„Земени се и мостри за анализи вршење на проширена хемиска и микробиолошка
анализа, чии резултати денеска уште еднаш ја потврдија безбедноста на водата по спроведената пи си ар метода за испитување на безбедноста на водата од девет најниски критични точки, за што биле добиени негативни резултати. Хиперхлорирање, утврдено е со контролата на АХВ во јавното претпријатие, не е направено поради извршената проценка на стручниот тим и типот на санација на дефектот кој се вршел во шахти, надвор од водоводна мрежа“, информираа од АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ