сабота, 27 јули 2024

АХВ демантира дека отровен сендвич со шунка се продава на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни  (РАССФ) не е информирана дека на македонскиот пазар е пласиран сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31 мај 2024 година, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, бактерија пронајдена во сендвичи во Србија и Хрватска кои според надлежните во овие две држав се повлекуваат од употреба.

Објавено на

часот

Сподели

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата и доколку се јави потреба, во најкус рок, во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за евентуално повлекување на производот од пазарот“, наведуваат од АХВ.

Надлежните власти во Србија и во Хрватска денеска информираа дека се повлекува сендвичот со шунка од 500 грама со рок на употреба 31 мај 2024 година, поради листерија моноцитогенес.

„Станува збор за шунка од словенечкиот производител Цељске меснине, лот број 1413100, а веледрогеријата е Матро кеш и кари. Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво на наведениот производ“, се наведува во соопштението од Државниот инспекторат на Србија.

Бактеријата листерија моноцитогенес предизвикува заразна болест листериоза, која може да доведе до предвремено породување и спонтан абортус во текот на бременоста. Листериозата може да влијае и на централниот нервен систем. Бактеријата се наоѓа во околината и во цревата на цицачите (освен луѓето), птиците, раковите и пајаците.

Оваа бактерија може да се размножува при прилично ниски температури на складирање (+4°C), а поради силната отпорност и високата концентрација на натриум хлорид, листеријата може да преживее различни процеси кои се користат во преработката на храната.

Контаминираната храна е главниот пат на пренесување на оваа бактерија од околината на луѓето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ