Ахмети се заложи функцијата претседател на Македонија да се избира во Собранието со двотретинско и со бадентеровото мнозинство, но се заложи и за воведување на функцијата заемник претседател на Македонија со цел и на чело на државата да биде застапена етничка рамноравност. Рече дека ако нема согласност ДУИ може и во опозиција да премине.
„Да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство од Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена која ја баравме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот во случајот за избор на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедството и продолжување на евроинтеграциите“, набележа лидерот на ДУИ во своето обраќање.
„Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“,. тоа е нашето мото за овие избори, рече Ахмети нагласувајќи дека е големо влијанието на шефот на руската држава Владимир Путин во македонското општество, во партиите и во медиумите.
„Поларната мечка, Русија, ни тропа на вратата и се меша во сите пори на нашето општество и влијае врз партиската сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии, во медиумите, во граѓанското општество и во секој општествен сегмент, не само овде, туку и во регионот. Путин и Лавров впрочем, изјавија дека со членството во НАТО Република Северна Македониуја се стави на линијата на огнот. Затоа молам за внимателност и за вистински избор“, рече, меѓу другото, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Сведоци сме дека членството во ЕУ не ни е можно и повторно сме изолирани. Македонија е мала земја на крстосницата на цивилизациите. Затоа, ве повикувам да се собереме и да ја водиме последната битка од вечната војна и да кажеме ‘не за Русија, да за Европа’, заедно“, рече Ахмети.
Ахмети на почетокот од обраќањето нагласи дека од оваа говорница вообичаено кажува важни вести или информира за значајни одлуки па истакна дека тука го кажал сонот за први премиер Албанец, сон кој што се оствари, рече и додаде дека е потребана поддршка за Бујар Османи.