вторник, 21 мај 2024
Претседателски избори 2024

Ахмети: Со мојот глас оставив трага за нашата евроамериканска ориентација

Денеска во моето Зајас го искористив демократското право на глас за да оставам трага од мојот придонес во трагањето по европската иднина, нагласи во својата изјава по гласањето Али Ахмети, лидер на ДУИ и на коалицијата Европски фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Со нашето гласање имаме историска шанса да ја запечатиме еднаш засекогаш нашата евроамериканска ориентација, да кажеме НЕ за Русија, ДА за Европа!“, рече Ахмети.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање и да гласаат, како што нагласи, за голема победа на европската кауза.

„Посакувам добар и комплетен изборен процес,  целосно во демократски и европски дух“, изјави Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ