вторник, 4 март 2025

Ахмети се заканува дека нема да има локални избори ако власта го отвори Законот за јазиците

Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии, се закани лидерот на ДУИ, Али Ахмети од настан во Липково. Од владеачката коалиција Вреди велат дека тоа е последната карта на ДУИ, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Реагираа и од опозициската СДСМ. Заменик претседателката Сања Лукаревска изјави дека ставот кој што го има истакнато ДУИ во моментов значи дека мора да се помират конечно дека се опозиција и да делуваат како опозициона партија. Минатата година Уставниот суд расправаше по иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици, поради што ДУИ постави шатори пред судот. И покрај расправата, во декември 2024 година, Уставниот суд ја одложи конечната одлука.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори, нема да може да се постават гласачки кутии. Законот не е на ДУИ. Законот е и на оние кои ќе се родат додека изгрее сонцето. Затоа секој Албанец мора да стане господар на правото не јазикот, ниту да го политизира ниту да го проблематизира“, изјави Ахмети.

Ахмети од Липково ја повика коалицијата Вреди да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Од владеачката коалиција Вреди велат дека тоа е последната карта на ДУИ, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат.

„Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување“, се наведува во соопштението на Вреди.

Реагираа и од опозициската СДСМ. Заменик претседателката Сања Лукаревска изјави дека ставот кој што го има истакнато ДУИ во моментов значи дека мора да се помират конечно дека се опозиција и да делуваат како опозициона партија.

„Ставот кој што го има истакнато ДУИ во моментов значи дека мора да се помират конечно дека се опозиција и да делуваат како опозициона партија, да даваат свои ставови на клучни прашања и секако кога ќе дојде соодветно време ќе има и парламентарни избори. Во моментот тие не се во состојба да поставуваат било какви услови или да го диктираат темпото на политичкото делување во државата“, вели Лукаревска.

Минатата година Уставниот суд расправаше по иницијатива за оценување на уставноста на Законот за јазици, поради што ДУИ постави шатори пред судот. И покрај расправата, во декември 2024 година, Уставниот суд ја одложи конечната одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ