сабота, 27 јули 2024

Ахмети по одржаното претседателство: Непоколебливи сме на евро-американскиот курс

Објавено на

часот

Сподели

Посетата едногласно била оценета како исклучително значајна и успешна.

„Средбите во САД се одржаа во клучно време кога се прават напори за иднината на државата и се носат важни одлуки за граѓаните. На сите средби со највисокиот врв на американската држава беше добиена целосна и јасна поддршка за европскиот пат по кој земјата решително оди. Позитивните пораки од американската Влада се резултат на довербата во посветеноста на Владата на Северна Македонија на демократските принципи и европската интеграција. Нашата држава е препознаена како фактор на регионална стабилност, а односите со САД се на историски највисоко ниво. Претставниците на САД ги препознаваат и поддржуваат напорите за исполнување на ригорозните критериуми на ЕУ и посветеноста во спроведувањето на виталните реформи во сите сегменти. Пораките од нашите стратешки партнери се потврда и за правилната политика и правец кој ДУИ доследно и бескопмпрмисно го следи“, велат од ДУИ.

Од партијата ги повикаа сите политички партии и пратеници да се приклучат и да дадат поддршка за „европската иднина на земјата“.

„Ова се историски моменти за иднината на земјата, време е за лидерство и храброст“, порачаа од ДУИ.

ДУИ уште еднаш упати „длабока благодарност“ до Владата на САД и „ европските партнери за досегашниот ангажман и соработка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ